Задолжителниот бел дрес код, големите тениски битки на зелените терени на „Ол Ингланд клубот“, ривалствата, дуелите за славниот трофеј, ѕвездените имиња од шоу бизнисот и од кралското семејство на трибините, ништо од ова светот нема да види годинава. Првпат по Втората светска војна, Вимблдон не почна.
Коронавирусот се покажа како жесток непријател против кого не можеше ниту турнирот со голема и долга традиција. Наместо вообичаениот џагор, бројните тенисери, ТВ куќи и медиуми, навивачи на Вимблдон – се е празно. Организаторот објави фотографии од празните терени и објекти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА