Одржувањето на АТП турнирот во Вашингтон, како и низа турнири кои би требало да се одиграат во пресрет на УС Опен, е под голем знак прашање.
Сите тениски натпреварувања се прекинати поради пандемијата на коронавирусот, а поради катастрофалната ситуација во САД челниците на АТП и играчите се договорија конечната одлука околу продолжението на сезоната да биде донесена на крајот од овој месец.
Според официјалните информации, првиот човек на Синдикатот на играчи и најдобар светски тенисер, Новак Ѓоковиќ побара на сите тенисери да им се надополнат сите трошоци околу патувањето во САД доколку турнирите бидат откажани во последен момент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

