Мајами го намали водството на Лос Анџелес Лејкерс на 2-1 во финалната серија од НБА лигата, а лидер во триумфот беше Џими Батлер кој забележа трипл-дабл со 40 поени, 11 скока и со 13 асистенции. Во тимот на Мајами повторно не беше Горан Драгиќ, но тој имаше што да каже за Батлер.
На Твитер објави пост кој привлече огромно внимние.
„Брате, Џими Батлер покажа зошто е лидер и срцето на овој тим“ – напиша Драгиќ.
Brate @JimmyButler showed today why he is the leader and the heart of this team !!! ??? https://t.co/wBJsfI1Hav
— Goran Dragić (@Goran_Dragic) October 5, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА