Леброн: Нема место за паника, можеме подобро

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс истакнува дека не е загрижен по поразот во третиот меч од финалната серија во НБА лигата од Мајами Хит. „Жешките“ славеа со 115-104 и така намалија на 2-1 во финалето.

„Не се опуштивме. Нема место за паника. Знаеме дека можеме да играме многу подобро од ова. Имаме шанса повторно да ја преземеме контролата во следниот меч. Јасно е дека мора да бидеме многу подобри, но јас сум задоволен како се боревме во овој меч“, изјави Леброн. 

Четвртиот натпревар од финалната серија во НБА лигата на програмата е вечерта меѓу вторник и среда.

Се вчитува...