Кире Лазаров и Нант одиграа уште еден суперинтересен натпревар по оној во Полска против Киелце, откако тимот на македонскиот капитен и селектор денеска ремизираше на гостувањето против Тулуз (29-29).
Лазаров и соиграчите можат да бидат презадоволни од ваквиот исход ако се знае дека на само 75 секунди до крајот на мечот имаа негатива од 29-26, но уште еднаш покажаа квалитет и карактер кога беше најважно и стигнаа до реми со голот што на десет секунди до крајот го постигна Ривера.
Македонскиот репрезентативец постигна скромни два гола на овој меч, а најефикасни кај Нант беа Ривера со осум и Бриет со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА