Алушовски носи „вардарец“ во Тор

Стевче Алушовски по само неколку месеци минати на Исланд успеа да доведе засилување од мак-ракометот. Поранешниот македонски младински репрезентативец Томи Јагуриновски ќе биде новото засилување на тимот на Тор, каде заминува токму на барање на Алушовски.

Станува збор за играч кој настапува како десен бек, а по потреба може да биде и десно крило, кој со својата универзалност во играта сигурно ќе му биде значаен адут на Алушовски во обидот со Тор да се врати во исландската прва лига.

Јагуриновски на почетокот од професионалната кариера со успех го носеше дресот на Металург, од каде пред две години потпиша за Вардар. Тој имаше можност да соработува со Алушовски во таборот на „црвено-црните“, а откако сезонава не доби посериозна минутажа од Веселин Вујовиќ се реши да ја прифати понудата за прв интернационален предизвик во кариерата.

Се вчитува...