Во египетските училишта ќе има предмет, Мохамед Салах

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах продолжува да воодушевува со своите настапи и да покажува дека во моментов е еден од најдобрите фудбалери на светот. Салах е голем амбасадор на Египет во светот, а каков статус има во својата држава покажува одлуката на владата и министерството за образование.

Имено, основните училишта во Египет ќе имаат предмет „Мохамед Салах“, а за цел ќе биде изучување на националната гордост, претставувањето на нацијата, но и ќе ги учат децата како од малите терени во Египет можат да станат големи ѕвезди, но притоа да останат и скромни луѓе.

Се вчитува...