Македонските репрезентативци сончевото претпладне во Краков го искористија и за прошетка по центарот на најголемата историско-културна престолнина во Полска.
Ракометарите имаа и кратка средба со амбасадорот на Македонија во Полска, Илија Псалтиров кој им посака среќа на шампионатот…
“Максимална поддршка за вас. Поразот од Норвешка ништо не значи, а силно посакуваме на следните натпревари повеќе успех. Среќни сме што има и толку многу македонски навивачи во Краков, организиравме и фан-зона и верувам дека и од навивачки аспект ќе покажеме пред светот како на вистински спортски начин се поддржува својата репрезентација” – истакна амбасадорот Псалтиров.
Ракометарите денеска од 18:30 часот ќе го одработат и официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар со Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА