Норвешка е заборавена, сите мисли насочени кон Холандија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Финална подготовка на македонската репрезентација пред утрешниот втор натпревар на Светското првенство 2023 во Краков.

Селекторот Кире Лазаров го одработи официјалниот тренинг во комплексот на „Таурон арена“ пред дуелот со „лалињата“ на кој националниот тим ќе се обиде да дојде до прв триумф на шампионатот.

Ведро е расположението во таборот на македонската селекција, заборавен е поразот од Норвешка а сите мисли насочени кон последните два меча од првата мундијалска фаза.

 

Се вчитува...