Ракометарите на Унгарија дојдоа до втората победа на Светското првенство, откако денеска ја совладаа селекцијата на Исланд после голем пресврт во вториот дел со 28-30. Неверојатна е победата на Унгарците, со оглед дека на полувремето имаа пет негатива (17-12). Исланжаните се чинеше дека ја имаа контролата на резултатот и на почетокот на вториот дел кога неколку пати влегоа со предност и со шест разлика. Меѓутоа кон средината на вториот дел, серија од четири гола на Унгарците за само -2, а потоа и нова серија со која дојдоа до израмнување, и потоа и до водство од два разлика. Творец на победата беше Аншин со шест гола. Елисон кај Исланд постигна неверојатни девет.
Се очекуваше неизвесен натпревар меѓу Полска и Словенија, но Словенците покажаа сила и го добија убедливо натпреварот на теренот на противникот. Полјаците не личеа на себе, а Словенија од минута во минута само го зголемуваше водството. На полувреме замина со шест голови разлика, за на крајот да го добие мечот со 23-32. Најефикасен беше Доленец со седум гола.
Шведска оствари лесна победа над Зеленортските острови со 34-26. Победникот во ниту еден момент не беше доведен во прашање, и решен по првиот дел кој Швеѓаните го добија со 19-8. Во вториот дел целосно опуштање на Шведска, и полувреме кое го добија Зеленортските острови, но недоволно да се совлада силниот противник. Хампус Ване со пет гола беше најефикасен на средбата.
Ниту Шпанија немаше проблеми во дуелот со Чиле. „Фуријата“ дојде до вториот триумф благодарение на триумфот од 33-26. Алекс Душебаев со шест погодоци беше најефикасен кај победничкиот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА