Македонската репрезентација денеска од 18 часот во „Таурон арена“ во Краков против Холандија во обид за своја прва победа на Светското првенство 2023 во Полска.
Ако се суди според прикажаното изминатиов период, ако се суди и според составот на искусната „портокалова“ репрезентација наспроти подмладениот македонски национален тим, факт е дека Холанѓаните ја носат фаворитската улога… Но, факт е и дека желбата во таборот на Кирил Лазаров е огромна за докажување и пред себе и пред ракометниот свет и пред Македонија.
Еден од најдобрите македонски ракометари Филип Кузмановски пред денешната пресметка со „лалињата“ нагласува дека сега почнуваат сите оние моменти на СП 2023 на кои ќе треба да се докаже квалитетот на оваа млада генерација ракометари.
„Знам дека потфрливме против Норвешка во одредени делови од играта, но тоа е се зад нас. Има уште многу што да покажеме на ова првенство и ние сме свесни за тоа. Холандија е прв момент за тоа! Знаеме дека се работи за исклучително квалитетна репрезентација, знаеме дека ја носи фаворитската улога, но ние мора да веруваме во себе. Сега почнува вистинскиот шампионат за нас како тим и она за кое допатувавме во Полска“ – истакнува Кузмановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА