Поренашниот македонски фудбалски репрезентативец и член на Вардар, Работнички, Македонија ЃП, Филип Ивановски со поддршка за македонските ракометари во Краков на Светското првенство 2023.
Ивановски, кој четири години од фудбалската кариера ги мина токму во Полска во редовите на Дискобилија и Полонија Варшава, е како дома во Полска па, како што ни изјави, не ја пропушти можноста да биде и поддршка за македонската репрезентација на Мундијалот.
„Секогаш се обидувам да ги следам на настапите на сите македонски репрезентации во секој спорт, се разбира секогаш кога сум во можност. Не ја пропуштив и оваа шанса да бидеме со македонските ракометари“ – вели Ивановски, и дополнува:
„Се радувам што има голем број Македонци тука во Краков, и што навистина се презадоволни од добро препознатливото гостопримство на Полјаците. Оваа убава атмосфера меѓу македонските навивачи нека биде зачинета и со победа денеска против Холандија“.
Македонија во вториот натпревар од Групата Ф на СП 2023 денеска од 18 часот во „Таурон арена“ ќе се соочи со Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА