Кире Лазаров: Ќе треба многу да зборуваме со играчите… Денеска видовме до кај сме, ова е реалноста!

Македонскиот селектор Кире Лазаров очекувано незадоволен од убедливиот пораз од Холандија во вториот натпревар на СП 2023 во Полска.

Лазаров вели дека треба многу да се зборува со играчите по начинот на игра против Холанѓаните, а ова денеска ја покажува ситуацијата во која се наоѓа репрезентацијата во моментов.

„Сакам да му честитам на противникот за заслужената победа, покажаа дека се навистина квалитетен тим. Јас воопшто не сум задоволен од нашата игра на двата натпревари. Очекувавме повеќе против Холандија, но повторно потфрливме. Имаме ние комплетно нова генерација, нашата цел пред првенството беше да дојдеме до една победа со која ќе продолжиме во следен круг и за тоа ни останува сега само уште дуелот со Аргентина. Ќе се обидеме во вторник да дојдеме до победа со Аргентина и да ја оствариме целта за главната фаза на првенството“ – истакна селекторот Лазаров, дополнувајќи:

„Сега ќе мора многу да зборуваме со играчите. Денеска видовме до каде сме, и тоа е нашата реалност. Да бидеме искрени, натпревари од ваков највисок ранг се добиваат само со карактер. Не е срамота да се загуби, но мора да биде достоинствено и со карактер. А ние не покажуваме карактер, и факт е дека ќе мора да поработиме на тоа. Нo, не е време да се бара виновник во овој момент. Мора да останеме прибрани и да се фокусираме на мечот со Аргентина кој е клучниот за нас на ова првенство“.

Се вчитува...