Црна Гора се пласираше во следната фаза, пол-позицијата во групата „Б“ за Франција

Црна Гора се пласираше во следната фаза од Светското првенство 2023 откако славеше против Чиле со 35-33. Црногорците по лошото отварање на мечот успеаја да влезат во серија со која ја превземаа иницијативата, на полувреме заминаа со предност од 20-18, а ја задржаа и до крајот на мечот и покрај налетот на Чилеанците во самата завршница.


Standings provided by Sofascore

Во групата „Б“ пол-позицијата и припадна на Франција која славеше со 31-35 во директниот дуел против Словенија за првото место. Французите беа подобриот противник во текот на целиот меч и немаа проблеми да ја задржат предноста до самиот крај.


Standings provided by Sofascore

Исланд го доби натпреварот против Јужна Кореја со 25-38 и го потврди пласманот во следната фаза од натпреварувањето. „Островјаните“ одлично го отворија мечот и брзо стигнаа до комотна предност за +6 на полувремето (13-19), а потоа имаа и полесна задача да ја задржат предноста во вторите 30. минути.


Standings provided by Sofascore

Бразил ќе патува со следната фаза од втората позиција на табелата во групата „Ц“ откако славеше против Зеленортски острови со 30-28. И покрај поразот во следната фаза патува и репрезентацијата на Зеленортски острови, а дома си оди Уругвај по убедливите порази во првите два меча.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...