И Бахреин игра ракомет, лесни победи на Германија и Египет

Ракометната репрезентација на Бахреин обезбеди пласман во главната групна фаза откако славеше над Белгија со 28-30 во натпревар од последното 3. коло во Х групата на Светското првенство во Шведска и Полска.

Бахраинците уште од самиот старт стигнаа до водство и во ниту еден момент не го прокоцкаа до крајот на мечот. Со овој триумф Бахреин е сигурен во втората фаза, а Белгија ќе го чека мечот со Данска и Тунис каде Тунижаните само победа ги води во следната фаза. Мерза со шест погодоци беше прво име во таборот на Бахреин, додека кај поразените залудни беа осумте гола на Котерс.

Германија и Египет стигнаа до сигурни победи против аутсајдерите во своите групи. Германците славеа над Алжир со 37-21, додека Египет беше подобар од САД со 35-16.

Се вчитува...