ВИДЕО: „Фалангата“ е верна до крај – Пет минути аплаузи за ракометарите и покрај дебаклот во Краков

Македонските ракометари ја разочараат комплетната спортска јавност со настапите на Светското првенство 2023 во Краков…

Ја разочараа и илијадната „Фаланга“ присутна изминативе пет дена во „Таурон арената“ во Краков, но на крајот „Фалангата“, како и секогаш, остана верна до крај.

Неколкуминутни аплаузи за македонските ракометари и по убедливиот пораз од Аргентина денеска, како знак за поддршка и во едни од најтешките моменти за македонската ракометна репрезентација во последната декада.

Се вчитува...