Данците во паника пред мечот со Хрватска

Репрезентацијата на Данска е главен фаворит за златото на ракометното Светско првенство во Шведска и Полска, но се стравува дека некои играчи би можеле да отпаднат пред почетокот на главната фаза и натпреварот против Хрватска.

За нив проблем е строгиот протокол за Ковид кој е на сила на овогодинешниот Мундијал. Данците по мечот со Тунис збеснале на организаторите поради ситуацијата во нивниот хотел. Тие велат дека во хотелот каде што престојувале се организирале разни забави и низ хотелот поминале многу луѓе кои имале контакт со играчите.

Актуелните светски шампиони не беа изолирани и се плашат дека на задолжителните тестови може да бидат позитивни на корона, која повторно ја загрозува регуларноста на натпреварувањето.

Со Данска и Хрватска во втората групна фаза се уште САД, Египет, Бахреин и Белгија, а натпреварите се играат во Малме. Втората фаза ја започнуваат Египет и Данска со по четири бода, Хрватска и Бахреин со по два, а Белгија и САД немаат бодови.

Се вчитува...