Се одиграа првите два натпревари од втората фаза на ракометниот Мундијал во Полска и во Шведска.
Словенија направи голем чекор кон првите две места, со тоа што ја совлада репрезентацијата на Иран убедливо со 38-21. Словенија на крилата на Макуч со шест гола, Влах и Јанц постигнаа по пет. На клупата на Иран седи Веселин Вујовиќ, чија селекција немаше сили да парира на неговата поранешна репрезентација.
Португалија и Бразил одиграа интересен натпревар, кој заврши нерешено 28-28. Португалците испуштија победа, затоа што имаа предност од еден гол во финишот, но Бразил стигна до гол и до бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА