Шпанија продолжува победнички, ја совладаа и Полска, Шведска подобра од Унгарија

Шпанија дојде до нова победа на Светското првенство откако денеска ја совладаа Полска во Таурон Арената во Краков.

Шпанците долго време се мачеа, но на крајот дојдоа до шестиот бод во главната фаза од натпреварувањето, совладувајќи го противникот со 27-23.

На полувремето „фуријата“ замина само со еден гол предност, а во вториот дел едно време имаа и +4, но секогаш Унгарците успеваа да се вратат, ама не до крај да го избегнат поразот.

По четири гола за Шпанија постигнаа Алекс Дујшебаев, Фигуерас и Фернандез. Сицко со седум гола кај Полјаците беше најдобар на мечот.

Шведска убедлив ја совлада селекцијата на Унгарија со 37-28. Швеѓаните во целиот меч беа во водство, и само констатно го зголемуваа, за на крајот да триумфираат убедливо. Шведска со тоа во групата го освои и шестиот бод, пред последните две пресметки кои ќе бидат одлучувачки за пласманот во 1/4 финалето. Ване беше најдобар на натпреварот со девет гола.

Се вчитува...