Новата табела во Серија А: Јуве е на 11. место, рамо до рамо со Болоња и со Емполи

Борбата за скудетото предвреме заврши за Јувентус откако „старата дама“ беше казнета со одземање на 15 бода поради лажирањето на сметководствените книги и криење на документацијата околу клупските финансии за време на корона-кризата. Според вечерашната пресуда, казната стапува на сила веднаш, што значи дека на Јуве експресно му се одземаат 15 бода од досегашното салдо, без оглед на фактот дека „црно-белите“ ќе се жалат на ваквата одлука до Спортскиот Суд на Италијанскиот Олимписки Комитет

Јувентус беше сериозен во битката за место во ЛШ, но сега и тоа е пеколно тешко за остварување откако „старата дама“ падна на 11. место на табелата. Имено, Јувентус сега има само 22 бода на своето конто, исто колку што имаат и Болоња и Емполи.

Лидерот Наполи е за огромни 25 бода во однос на Јуве со вкупно 47 бода, а пред „старата дама“ се наоѓаат уште и Милан со 38, Интер со 37, Лацио, Аталанта и Рома со по 34, Удинезе со 25 и Торино и Фиорентина со по 23 бода на своето салдо.

Се вчитува...