Ракометен клуб Вардар МХ од Мексико, кој е формиран по инспирација од двете европски шампионски титули на РК Вардар, доаѓа во Македонија.
Група ентузијасти од Мексико кои останале импресионирани од начинот на кој Вардар, изненадувајќи ги европските гиганти, дојде до двете европски титули, формирале клуб и школа РК Вардар МХ и ЖРК Вардар МХ
Па, после неколку години функционирање, клубот со две генерации деца од школата оваа година во септември планира посета на Скопје и Македонија.
„Желбата е да дојдеме во Македонија и да видиме како функционира нашиот омилен клуб Вардар кој беше инспирација за формирање и на нашиот клуб во Мексико. Сакаме, доколку е можно, да одиграме и неколку пријателски натпревари со соодветните генерации од Вардар. Би биле пресреќни ако во септември се организираат такви меѓусебни натпревари во помладите генерации“ – велат за ЕКИПА од мексиканскиот РК Вардар МХ со желба дека нивната идеја ќе дојде до одговорните во РК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

