Швеѓаните го добија Египет, но го загубија Готфридсон

Ракометарите на Шведска се третиот полуфиналист на Светското првенство на кое се кодомаќини со Полска откако вечерва стигнаа до сигурна победа против репрезентацијата на Египет од 26-22.

Избраниците на Гарсија Парондо одлично го отворија мечот и се држеа 20 минути во првото полувреме против големиот фаворит кога имаа водств од 8-9. Сепак, со серија од 6-0 домаќините до крајот на првиот дел стигнаа до целосен пресврт и позитива од плус пет на пауза (14-9).

Во второто полувреме Швеѓаните рутински го приведоа мечот за конечни 26-22. Никлас Екберг со шест погодоци беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените еден помалку постигнаа Кадах и Махмуд.

Голем проблем пред полуфиналето за Швеѓаните е тоа што веројатно нема да може да сметаат на својот најдобар ракометар Џим Годфридсон кој доживеа фрактура на показалецот на левата рака.

Се вчитува...