Шведска без Готфридсон до крајот на СП

Ракометарите на Шведска се пласираа во полуфиналето на Светското првенство на кое се кодомаќини заедно со Полска, откако синоќа рутински го совладаа Египет во четвртфиналниот двобој.

Сепак, натпреварот и победата помина во сенка на повредата на првата ѕвезда на „трите круни“ средниот бек Џим Готфридсон. Швеѓанецот по еден дуел со противнички ракометар доживеа фрактура на показалецот на левата рака поради кој ќе мора да ги пропушти последните два меча на овој шампионат.

Шведска во петок ја очекува полуфиналниот дуел против репрезентацијата на Франција на кој нема да може да смета на својата прва ѕвезда.

„Фрустрирачки е бидејќи играв добар турнир, а сега нема да бидам дел од најважните натпревари. Сонував да играм финале на домашен терен. Сепак, убеден сум дека моите соиграчи може да го добијат секој ривал“, изјави Готфридсон.

Се вчитува...