Тинекс Пролет потпиша нов договор со Виктор Додевски, 19-годишниот ракометар кој е директен производ на младинската школа на скопскиот суперлигаш. Откако претходно беа осигурани потписите на Тотиќ, Стојановски и на Тимковски, Пролет со овој потпис го обезбеди останувањето на уште еден суперталентиран ракометар.
Додевски, кој настапува на позицијата десен бек и десно крило, е еден од најдобрите ракометари во младинската екипа на Тинекс Пролет, а во последните сезони добиваше шанса и во првиот тим да ги покаже своите ракометни квалитети.
„Заедничка желба на управата на клубот и на самиот ракометар е тој да продолжи да се развива носејќи го дресот на Тинекс Пролет, што резултираше со потпис на новиот долгогодишен договор. Со овој потпис, нашиот клуб уште еднаш ја потврдува тенденцијата да остварува добри резултати базирајќи се на македонски ракометари кои секогаш ќе добиваат шанса во Тинекс Пролет“, објави скопскиот клуб на официјалната веб-страница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА