Бојан Миовски и неговото заминување од Абердин продолжува да биде топ-тема во шкотската фудбалска јавност, откако вчера беше обелоденето дека Селтик е подготвен да тргне во офанзива за веќе во јануари да го осигура потписот на македонскиот репрезентативец.
Миовски молчи на темата, Абердин во јавноста порачува дека Македонецот не е на продажба, но шкотските медиуми обелоденуваат дека клубот веќе ја одредил цената за нашиот голгетер. Неофицијално, Абердин бара загарантирани шест милиони фунти од продажбата на Миовски, плус клаузули поврзани со настапите или евентуално процент од следниот трансфер на голгетерот.
Токму ваквите барања на управата на Абердин биле причината Глазгов Ренџерс да се откаже од трката по Македонецот. Ренџерси се интересираа за Миовски, но немаат намера да платат богатство за овој фудбалер и го свртеа вниманието кон поевтини опции на пазарот.
Селтик останува лидер во оваа трка во која учествуваат и неколку англиски клубови, шкотскиот првак изрази подготвеност да го урне рекордот од 4,4 милиони фунти на Скот Браун за најскап трансфер меѓу две шкотски екипи, но останува да се види дали „зелено-белите“ ќе се согласат да ја платат сумата што ја бара Абердин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

