Гол и асистенција на Тодороски за победа на ТСЦ Бачка Топола

Македонскиот интернационалец Андреј Тодороски партиципираше со гол и асистенција во победата од 6-1 на ТСЦ Бачка Топола против Јавор во плеј-аут разигрувањето во Суперлигата на Србија.

Уште една одлична партија на Тодороски кој уште во 8.минута погоди за водство од 1-0 на својот тим, а му асистираше и на Савиќ за третиот гол на ТСЦ во 31.минута.

Тодороски, претходно, искажа подготвеност да настапува и за македонската репрезентација, но проблем за него претставува австриското државјанство кое го поседува, и неможноста во оваа земја за стекнување со двојно државјанство.

Се вчитува...