Селтик е сериозен за потписот на Миовски, во јануари ќе испрати понуда

Бојан Миовски со своите одлични настапи во Шкотска во дресот на Абердин, го сврте вниманието кон себе. Во изминатите месеци се шпекулираше за трансфер во Италија, Англија, а сега се погласни се шпекулациите дека ќе замине во еден од шкотските гиганти.

Голема е веројатноста Селтик да биде неговиот иден тим. Шкотските медиуми објауваат проект „Селтик 2024“ во која е и македонскиот голгетер во тимот.

Според најавите, Селтик подготвува понуда до Абердин во износ од 2 милиони фунти, а доколку и таа не биде прифатена, тогаш последната ќе биде 2 милиони плус играч да замине во спротивен правец.

Иако на Абердин сезонава не му оди како во минатото, сепак, Миовски е прв стрелец на екипата со досега шест постигнати гола, или три помалку од водечките стрелци. Тоа е доволна препорака за шкотските гиганти да го ангажираат. Цената која Абердин ја (по)бара е 5 милиони, но се чини дека овој тим ќе мора да попушти и за помалку да му дозволи на Миовски да оди во поголем клуб.

Се вчитува...