Миовски има мала повреда, Абердин ќе го чува за финалето од Лига купот на Шкотска во недела

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски има проблем со тетивата поради што најверојатно нема да настапи на вечерашниот натпревар на Абердин против Ајнтрахт Франкфурт во Конференциската лига на УЕФА, соопшти менаџерот на шкотскиот премиерлигаш.

Робсон вели дека ќе се чека до последно да се процени ситуацијата со Бојан, но никој не сака да ризикува посебно пред финалето во Лига купот на Шкотска кое Абердин го очекува во недела (17. декември) против Глазгов Ренџерс.

„Ќе видиме како ќе биде до последно, па ќе донесеме одлука дали ќе игра. Веруваме дека не е ништо сериозно и нема да го задржи долгорочно надвор од терените“ – вели Робсон.

И покрај тоа што менаџерот на Абердин упорно тврди дека играчите и стручниот штаб единствено се фокусирани на мечот со Ајнтрахт Франкфурт, факт е дека со оглед на тоа што се загубени сите шанси за пласман понатаму во Конференциската лига, сите мисли на Шкотите се насочени кон финалето на Купот.

Токму затоа и најдобриот играч на Абердин, Бојан Миовски, се чува за неделниот натпревар со Глазгов Ренџерс кој е, и тоа како, од огромно значење за тимот.

Се вчитува...