Македонските судии на дружба со Елмас во Неапол (ФОТО)

Младите македонски фудбалски судии, интернационалците Игор Стојчевски, Слаѓан Марковски и Бранко Путилин имаа можност да присуствуват на мечот од групната фаза во Лигата на европските шампиони во Неапол меѓу Наполи и Брага (2-0) и да се дружат со еден од најдобрите македонски фудбалери, Елиф Елмас.

Од страна на судиската комисија на УЕФА тие беа одредени да го судат натпреварот во рамките на младинската лига на европските шампиони меѓу Наполи и Брага (2-2) што се одигра на вториот по големина стадион во Неапол „Ѓузепе Пинао“ во попладневниот термин. Потоа беа гости на главниот меч на преполниот стадион „Диего Марадона“.

За време на престојот во Неапол имаа можност да бидат во друштво со Елиф Елмас, кој по главниот натпревар им посвети големо внимание, а како сонародници на нивниот фудбалер, имаа и посебен третман и од раководството на Наполи.

Се вчитува...