Елмас се повреди, нема да игра против Калјари

Елиф Елмас нема да може да му помогне на тимот на Наполи викендов на натпреварот против Калјари, по повредата што македонскиот репрезентативец ја заработи на еден од последните тренинзи на својата екипа.

Македонскиот „дијамант“ денеска не тренираше со остатокот од тимот, по што „наполитанците“ објавија дека станува збор за истегнување на мускул во ногата, поради што Елмас воопшто нема да биде во комбинација за настап против Калјари, меч на кој претходно беше најавуван како стартер.

Деталните лекарски прегледи ќе покажат колку ќе изнесува паузата на Елмас, но во таборот на „наполитанците“ не се преголеми оптимисти дека Елиф би можел да настапи на преостанатите средби до крајот на оваа календарска година (куп-мечот со Фросиноне на 19 декември, а потоа и дуелите со Рома на 23 декември и со Монца на 29 декември во рамките на Серија А.

Се вчитува...