Во Абердин можат да здивнат: Миовски ќе го игра големото финале

Бојан Миовски ќе биде подготвен за да го предводи нападот на Абердин во големото финале на шкотскиот лига-куп против Глазгов Ренџерс што ќе се игра утре.

Македонскиот голгетер поради ситна повреда на мускулот го пропушти последниот меч од Лигата на Европа, но вчера се врати на тренинг со остатокот од тимот.

„Ќе видиме како ќе се чувствува, тој веќе одработе еден тренинг со екипата. Оптимист сум дека Бојан ќе може да ни помогне на овој важен меч“, изјави тренерот на Абердин, Бери Робсон.

Миовски беше стрелец на голот за Абердин на лигашкиот меч со Глазгов Ренџерс одигран пред помалку од еден месец, а Македонецот беше херој и во полуфиналето против Хибернијан, постигнувајќи го победничкиот погодок иако Абердин беше со играч помалку на теренот.

Се вчитува...