ВИДЕО: Тричковски стрелец, Богатинов „поцрвене“ во македонската пресметка на Кипар

Македонскиот напаѓач Иван Тричковски го постигна својот трет гол сезонава во дресот на АЕК Ларнака овој пат во победата од 0-3 на гостувањето против Етникос Ахна во 15. коло од кипарскиот шампионат.

Тричковски во игра влезе во 60. минута од средбата, и во 90. минута успеа да стрела за својот тим за водство од 0-2 во тие моменти во македонската пресметка против тимот во кој играат дури тројца поранешни македонски репрезентативци.

На голот на Етникос Ахна, Мартин Богатинов заработи директен црвен картон во 41. минута од мечот поради старт над противнички играч надвор од својот шеснаесетник.

Интересно, Стефан Спировски и Кире Ристевски, пак, кај Етникос добија жолти картони.


Се вчитува...