Потврда и од Фабрицио Романо: Лајпциг и Наполи договараат трансфер на Елмас вреден 25 милиони евра!

И еден од најупатените „трансфер-експерти“ во Европа, Фабрицио Романо потврди за реализација на можен трансфер во јануарскиот преоден рок на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од Наполи во Лајпциг.

Веќе неколку денови се познати информациите дека Лајпциг сака да го купи Елиф Елмас од Наполи. Сето тоа, како ексклузива, го потврдува и Фабрицио Романо.

Како што пишува Романо, преговорите на Лајпциг и Елмас се веќе почнати. Германскиот клуб до Наполи, пак, доставил понуда вредна 25 милиони евра.

„Двата клуба водат интензивни преговори, а Елмас е отворен за трансфер во 2024 година. Се работи за перманентен трансфер а преговорите се во напредна фаза“ – пренесува Романо.

Се вчитува...