Бојан Миовски уште еднаш демонстрираше зошто важи за еден од најдобрите напаѓачи во Премиер-лигата на Шкотска откако македонскиот репрезентативец блесна на дуелот Абердин – Ливингстон, постигнувајќи прекрасен погодок за домаќините за израмнување на 1-1.
Ливингстон неочекувано одигра подобро во првиот дел и дојде до водство од 0-1, но Миовски се погрижи неговиот тим да не замине на одмор со негатива, постигнувајќи прекрасен гол со глава во 43. минута. Интересно, Ливингстон важи за омилен „пациент“ на Македонецот, ако се знае дека Миовски даде три гола против овој ривал минатата сезона, а сега продолжи во ист стил.
Бојан Миовски две минути подоцна успеа да постигне уште еден гол, но истиот беше поништен со ВАР поради минимален офсајд во кој се наоѓаше македноскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

