Тричко го матираше Шишковски во победата на АЕК над Докса (ВИДЕО)

Иван Тричковски и неговата АЕК Ларнака славеа со 2-1 против Докса на Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски во меч од 16. коло во кипарскиот фудбалски шампионат.

Токму Тричковски повторно беше херој за својот тим матирајќи го својот сонародник Шишковски во 82. минута за победа на АЕК.

Претходно гостите поведоа со голот на Наби од пенал со 0-1 во 10. минута, додека на 1-1 израмни Гама во 60. минута.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...