Елиф Елмас денеска претпладне пристигна во Германија, каде што во секој момент треба да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на договорот со Лајпциг.
Двете страни се веќе договорени, договорени се и личните услови на македонскиот играч, и денеска и официјално ќе стане дел од германскиот клуб.
Елмас се реши да ја смени средината после четири години минати во Наполи. Сака поголема минутажа, и поради тоа одлучил да замине од клубот. Трансферот чини 25 милиони евра, а според најавите Елмас ќе заработува 3 милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

