Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски по две години поминати во Сараево оваа зима ќе ги промени клупските бои. Напаѓачот се очекува кариерата да ја продолжи во Турција во боите на Болуспор кој се натпреварува во втората лига, објави босанскиот медиум „Спортспорт“.
Тоа воедно ќе значи и враќање на 28-годишникот во турскиот шампионат каде настапуваше за Кајсериспор од 2020 до 2022 година забележувајќи 25 настапи на кои постигна два гола и три асистенции.
Аврамовски потекнува од младинската школа на Работнички, а во богатата кариера настапуваше и за Македонија ЃП, Црвена Звезда, Олимпија Љубљана, Војводина, Београд и Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

