Елмас по потписот за Лајпциг: „Уште по првите разговори веднаш сфатив – сакам да играм за овој клуб!“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Германскиот бундеслигаш Лајпциг и официјално го промовираше македонскиот дијамант Елиф Елмас како свое огромно засилување за продолжението од сезоната 2023/24. Елмас со еден од најдобрите германски тимови потпиша договор до јуни 2028 година, добивајќи го дресот со бројот 6 на Лајпциг.

Македонскиот „дијамант“ сосема очекувано е повеќе од задоволен од трансферот во Лајпциг не криејќи дека начинот на игра на тимот, но и првичниот однос од страна на раководните лица на клубот го натерале веднаш да засака да игра за овој клуб.

„Преселбата во Бундеслигата и приклучувањето на тим како Лајпциг ее сигурно остварување на еден сон за мене. Клубот е познат по посебниот фудбал кој го практикува, со силен пресинг, активно темпо и силен напад. Сето тоа е нешто кое максимално ми одговора и го посакувам во играта. Тимот е мешавина од млади таленти, кои можат многу да се подобрат овде, и играчи кои искусиле и постигнале многу низ долгиот свој стаж во клубот. Затоа преселбата во Лајпциг е вистинскиот чекор за мене и со нетрпение очекувам да се сретнам со сите во јануари“ – е првата изјава на Елмас по потписот за Германците.

„Лајпциг се етаблира како еден од врвните тимови во Бундеслигата и за многу краток период се издвои како големо име во европскиот фудбал. Кога разговарав со Рувен Шредер и Марко Роуз, многу брзо сфатив – сакам да играм за овој клуб! Имаме незгодна втора половина од сезоната. Сакам да помогнам да останеме на врвот од Бундеслигата и потенцијално да предизвикаме вознемиреност против Реал Мадрид во Лигата на шампионите“ – дополни Елмас.

Трансферот на Елиф Елмас, кој досега финансиски е највисок во историјата на македонскиот фудбал, е реализиран секако по разговорите меѓу двете страни водени од агентот на Елиф, Никола Ѓошевски како и неговиот татко Џеват Елмас, кои се задолжени за кариерата на македонскиот „дијамант“ од самиот негов фусбалски старт.

„За нас е огромно задоволството од реализацијата на еден ваков трансфер во еден од најдобрите клубови во Бундеслигата, затоа што тоа е пред се на задоволство и на Елиф кој добива пред себе еден нов огромен предизвик во кариерата“ – ни изјави Ѓошевски по реализацијата на трансферот на македонскиот репрезентативец.

Елиф сега како освојувач на Скудетото со Наполи се сели во Германија, со постигнати 19 гола и дополнето со 11 асистенции во вкупно 180 настапи за италијанскиот шампион. Елмас, кој е незаменлив и во македонската репрезентација со која беше дел од ЕВРО 2020, претходно во кариерата настапуваше и за Работнички и турски Фенербахче.

Се вчитува...