Поради големо невреме одложен мечот на Миовски и неговиот Абердин против Мадервил

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски и неговиот Абердин вечерва нема да го одиграат дуелот против Мадервил поради големото невреме кое што ја зафати Шкотска.

Поради бурата Герит покрај мечот Абердин – Мадервил, вечерва нема да се одигра и дуелот меѓу Ренџерс и Рос Каунти.

Абердин до крајот на оваа 2023 година ги очекува уште еден меч, на 30. декември кога му гостуваат на Сент Мирен.

Се вчитува...