Џемал Ибиши во нападот на Шкупи

Досегашниот напаѓач на Тиквеш, Џемал Ибиши во иднина ќе го носи дресот на Шкупи, откако чаирскиот тим го ангажираше 23-годишниот голгетер кој сезонава има три постигнати гола во 18 одиграни натпревари.

Ибиши потекнува од фудбалската школа на Вардар, а има и интернационална кариера откако беше член на хрватските Локомотива Загреб, Дубрава и Оријент.

Од Оријент во јули 2023 година се врати во домашниот шампионат и стана дел од Тиквеш. Неговиот договор со Шкупи е на година и пол, односно до јуни 2025 година.

Шкупи во следните денови треба да го комплетира и трансферот на норвешкиот напаѓач Ерик Гронер, кој во секој момент треба да го комплетира трансферот во чаирскиот тим. Тој заминува со екипата на подготовките во Анталија, и веројатно таму ќе биде промовиран во нов играч на чаирскиот тим.

Се вчитува...