Шкендија осигура уште еден трансфер за вториот дел од сезоната откако денеска беше потпишан договор со 21-годишниот Фитон Адеми, за кого овој трансфер претставува камбек во тетовскиот клуб.
Имено, Адеми блескаше со одлични игри во младинската екипа на Шкендија, по што сениорската кариера ја почна надвор од Тетово, како член на Струга, Воска и Беса, од каде се враќа назад меѓу тетовските „црвено-црни“, со кои денеска потпиша договор на 2,5 години.
„Горд сум што се враќам назад во Шкендија, потпишувајќи професионален договор со клубот во кој ја почнав кариерата, клубот во кој рстев. Ова е доказ дека ништо не е недостижно за младите играчи од школата на Шкендија“, изјави Адеми по потписот на договорот со тетовци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

