Српскиот интернационалец Никола Влајковиќ (28) е нов член на шампионот и актуелен лидер на табелата во ПМФЛ, Струга ТЛ. Последен клуб на Влајковиќ му беше Раднички Ниш, а во минатото играл и за Раднички Крагујевац, Нови Пазар, Раднички Пирот, Јагодина и други српски клубови.
Оваа сезона Влајковиќ одигра 13 натпревари во Супер лигата на Србија, и два меча во Купот. Природна позиција на Влајковиќ му е десен бек, но може да игра и како стопер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

