Полска доминантна во Словачка, Црна Гора без сили со Италија

Полска и Италија им се приклучија на Австрија, Холандија, Словенија, Чешка, Португалија, Шпанија и Унгарија на Светското првенство кое во 2025 година ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и Данска преку бараж натпреварите.

По неизвесниот натпревар во Полска и гостинската победа на Словачка од 29-28, Полјаците овој пат забележаа убедлив триумф од 25-33 на гостувањето противникот во вториот бараж натпревар.

На светското првенство доминантно се пласираше и Италија која по триумфот од 32-26 на домашен терен славеше и во Црна Гора со 32-34.

 

Се вчитува...