Унгарскиот селектор со респект: Македонија може да биде незгоден противник

Во таборот на унгарската ракометна репрезентација владееше задоволство откако оваа селекција доби добра група за СП 2025. Унгарија ќе игра во Дебрецин против селекциите на Македонија, Холандија и на Гвинеја, а селекторот Чема Родригез не ја крие амбицијата, не само да се мине групата, туку да се стигне до што повеќе победи во пресрет на главната фаза.

Шпанскиот стратег на чело на Унгарија имаше и пофални зборови за селекцијата на Македонија, која ќе им биде прв ривал на Унгарците на дуелот закажан за 15 јануари.

„Можеби имавме повеќе среќа во ждрепката отколку во претходните години, секако има посилни групи од нашата, но нашата цел останува иста – да стигнеме до што повеќе победи. Почнуваме со Македонија, тоа е селекција што може да биде многу незгоден противник. Одлично играат во ситуации „еден на еден“, по потреба се снаоѓаат и со „седум на шест“. Не знаеме ништо за Гвинеја, но јасно дека очекуваме победа и против нив. Не сме се сретнале со Холандија уште од оној болен пораз на домашен терен на ЕП во 2022 година, време е да ја покажеме нашата сила против овјо ривал. Мило ми е што ќе играме во Вараждин, верувам дека ќе има голем број на Унгарци на трибините“, истакна Чема Родригез по ждрепката.

Се вчитува...