Капитенот на Голден Арт, пивотот Давид Даев, го остави ракометот на 23 години. И покрај тоа што има пред него уште многу играње ракомет, сепак, лекарите препорачале да не се занимава со спорт.
После детални лекарски прегледи, Даев е надвор од тренажен процес повеќе од еден месец, ама до поселдниот тренинг бил присутен во својот тим.
„Поради здравствени причини нашиот капитен, пивотот Давид Даев го остава ракометот и професионалното спортување. Даев денеска со симболична минутажа го одигра својот последен натпревар. На крај на ум дека на неполни 23 години мора да се откаже од спортот што му беше живот, ракометот на кој му се посвети до бескрај. Лекарската одлука е посилна од желбата за ракомет,а здравјето е примат за се.
По деталните лекарски прегледи Давид е надвор од тренажниот процес околу еден месец, но до последниот тренинг присутен во сала со својот тим, како вистински капитен. Даев својата ракометна приказна ја започна во 2014 година на свои 13 лета, во младинските школи на РК Металург, со прв тренер Никола Матлиески. По една година, следен клуб на Даев е РК Тинекс Пролет, а тренер му е некогашниот репрезентативец Игор Котевски кој за Даев останува најголемиот ракометен учител и токму поради него тој 10 години на дресот го носеше бројот 9. Од 2019 до денеска Даев е дел од “РК_ГолденАрт , а во 2021 беше принуден да замине во РК Шампион каде играше една полусезона. Сашо Сотировски, Владимир Глигоров, Филип Глигоров, Стојан Петрушевски се тренерите кои ги имаше Даев во својата ракометна деценија. Како играч на Голден Арт во 2023 Даев ја носи капитенската лента, на теренот го остава срцето, а за своите соиграчи како капитен тоа ги прави и надвор од сала. Борец, силен и издржлив дефанзивец, кој беше столбот на одбраната на суперлигашот Голден Арт со максимална минутажа на терен. За #Бело_Црните Даев има постигнато вкупно 226 гола.Давид Даев останува пример за дисциплина, пожртвуваност и лојалност, играч, голем пријател и човек, Капитен со 2 срца. Ти благодариме капитену за се, чувај се, ти посакуваме многу здравје и те чекаме да не бодриш од трибините…“, стои во објавата на РК Голден Арт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА