Париз се прости со големиот Никола, а тука беше и Новак Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Париз каде што настапува на Ролан Гарос, а денеска во третото коло ќе се соочи со Лоренцо Музети.

Новак уште еднаш покажа колку ги почитува сите врвни спортисти, бидејќи времето го искористи да се прости од Никола Карабатиќ, еден од најдобрите ракометари на сите времиња.

ПСЖ за кој настапува Карабатиќ, му требаше победа за да ја потврди титулата шампион на Франција, а ова е натпреварот во кој Никола се прости од клупскиот ракомет. Тимот предводен од Раул Гонзалез славеше со 39-36 и со тоа стигнаа до нов трофеј. Салата „Берси“ беше исполнета до крај, а Новак беше еден од најпознатите гости.

Карабатиќ заминува во пензија со неверојатни 69 трофеи, а кариерата му траеше 23 години. Со француската репрезентација Карабатиќ освои четири светски и европски првенства, односно три златни медали на Олимписките игри.

Се вчитува...