Никлас Ландин летово ќе стави крај на својата неверојатна репрезентативна кариера откако легендарниот голман објави дека настапот на ОИ во Париз ќе биде негов последен во дресот на Данска.
По повеќе од 16 години репрезентативни настапи во кои освои се што можеше да се освои со својата национална селекција, Ландин реши да му каже збогум на националниот тим.
„Ова е нешто на што подолг време размислував. Чувствувам дека сега е вистински момент, ОИ во Париз да бидат натпреварувањето на кое ќе ставам точка на репрезентативната кариера. Секако, не би постоело поубаво збогување од олимписко злато“, објави Ландин во интервју за „ТВ2“.
Фантастичниот голман дебитираше за Данска на дуелот со Австрија во 2008 година. Оттогаш, тој настапи на 273 средби за својата репрезентација, играше 10 големи финалиња на кои стигна до пет златни медали со Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА