Се е подготвено за новото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ кој трета година по ред ќе се одржи во чест на поранешниот македонски младински репрезентативец, чиј живот прерано згасна.
Вардар, Алкалоид, Е. Пелистер и Бутел ќе бидат македонските претставници на овој турнир, на кои друштво ќе им прават Морнар од Црна Гора, Војводина од Србија, Конјух од БиХ и унгарскиот СЗКЦ.
По успешните изданија минатите 2 години, овојпат дури 4 интернационални клубови ќе се натпреваруваат заедно со кадетските тимови на македонските суперлигаши!
🤍 Во чест и аманет на нашиот Марче, ние како фондација со огромна љубов и посветеност се стремиме вечно да живее неговиот лик и дело, но и да го всадуваме спортскиот дух кој Марче го носеше во себе кај помладите генерации. Ракометот беше негов живот, љубов и животна определба. 💙
🙌 Затоа, ве повикуваме и ве очекуваме од 14-16 јуни во спортскиот центар „Марко Божиновски“ да се забавуваме и заедно да ги поддржиме идните ракометни ѕвезди кои ќе не прават горди носејќи го репрезентативниот дрес за неколку години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА