Актуелниот селектор на младинската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, ќе има нов меѓународен предизвик во тренерската кариера откако денеска и официјално потпиша договор за нов шеф на стручниот штаб на Тримо Требње во Словенија.
Станува збор за редина што е добро позната за Стојановиќ ако се знае дека тој настапуваше за Тримо како играч, за сега да се врати назад во овој клуб и како тренер. Стојановиќ ја мина ланската сезона на чело на Тиквеш, но по понудата од Словенија реши да го напушти кавадаречкиот суперлигаш.
Тој денеска и официјално беше промовиран за нов тренер на Тримо, функција на која доаѓа на местото на Урош Зорман откако поранешниот словенечки репрезентативец се пресели на чело на амбициозниот проект Слован Љубљана.
Заедно со Стојановиќ во клубот пристигна и голманот Урбан Лесјак, кој се враќа назад во татковината откако последните две сезони ги мина на голот на македонскиот првак Е. Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА