Македонската ракометна репрезентативка Ивана Џатевска останува во Унгарија и во следната сезона, но со нов клуб.
Џатевска ги напушти редовите на Кишварда одлучувајќи се да ја прифати понудата од Сомбатељ кој ќе биде сега нејзин нов клуб во унгарското првенство. Собатељ минатава сезона беше прв во Првата лига на Унгарија, па се избори за враќање во елитата.
Џатевска претходно во македонскиот шампионат играше за екипите на Вардар и на Чаир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА